Како може да се пресмета вкупен електричен отпор во паралелен струен круг? Подолу на страницата може да видите примери за паралелен струен круг кој содржи три паралелно поврзани потрошувачи кои имаат различен електричен отпор. За овој струен круг може да ја видите пресметката на неговиот вкупен отпор. Оваа пресметка се врши со примена на формула за пресметување вкупен отпор.

Формула за вкупен отпор во паралелен струен круг

Пресметувањето на вкупен електричен отпор кај паралелен струен круг е покомплицирано од пресметување вкупен електричен отпор кај сериски струен круг! Формулата која треба да се примени (во случај кога има три потрошувачи (отпорници) кои меѓусебе се паралелно поврзани) гласи:

Формула за вкупен електричен отпор во паралелен струен круг

Ако струјниот круг има повеќе од три потрошувачи, тогаш во формулата само ги додаваме нивните реципрочни вредности како нов собирок во низата која следи.

Од формулата јасно се гледа дека реципрочната вредност на вкупниот (еквивалентниот) електричен отпор кај паралелно поврзување е збир од реципрочните вредности на поединечните електрични отпори кои ги содржи струјниот круг.

За да решите задача од овој тип мора да знаете се за собирање дропки!

Пример за вкупен отпор во паралелен струен круг

Подолу имате целосно решен пример! Во него се одредува вкупен електричен отпор во струен круг кој содржи само паралелно поврзани потрошувачи!

Пример 1: Пресметај го вкупниот (еквивалентниот) електричен отпор кој го има струјниот круг кој е даден на сликата подолу!

Паралелен струен круг

Од сликата погоре гледаме дека електричните отпори на потрошувачите во струјниот круг се 2,3 и 6 оми. Со замена на овие вредности во формулата за пресметување вкупен електричен отпор за паралелен струен круг се добива следниов израз:

Замена на вредности за електричен отпор

Броевите 2,3 и 6 се именители на различните дропки во изразот погоре. За да ги собереме овие дропки прво треба да одредиме НЗС за броевите 2,3 и 6 (погледнете како се прави тоа со клик врз означениот линк)! Знаејќи дека најмалиот заеднички содржател за броевите 2,3 и 6 е бројот 6, сите три дропки ги прошируваме до дропката која во именител го содржи бројот 6. Изразот по проширувањето изгледа вака:

Пресметување вкупен отпор во паралелен струен круг

Сега, кога веќе сите дропки имаат ист именител, може лесно да ги собереме со што го добиваме наредниот чекор:

Реципрочна вредност - решение

На крај, иако изразот може да се реши на повеќе начини (со пропорција, накрсно множење итн.), за на левата страна наместо реципрочна вредност од вкупен отпор да добиеме само вкупен отпор, дропките од двете страни доволно е да ги свртите наопаку во правец броител-именител. Со ова го добивате самото решение:

Веќе е јасно дека вкупниот електричен оптор за струјниот круг од примерот 1 изнесува 1 ом!

Видео примери

Видеото подолу содржи пример за вкупен електричен отпор во паралелен струен круг!

Вкупен отпор во паралелен струен круг


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , ,