Курс по математика за надополнување на основните знаења на англиски јазик. Кликнете на сликата за да го разгледате курсот:

Оваа страница ќе ви помогне да научите како се претвора мешан број во дропка со неправилна форма (дропка на која броителот и е поголем од именителот). На страницата подолу има формула по која може да се комплетира овој вид на претворање. Покрај формулата има примери за претворање мешан број во неправилна дропка кои се решени на самата страница, но најдолу има достапни поголем број на примери со решение во видео формат.

Формула за претворање мешан број во неправилна дропка

За успешно да се изврши претворање од мешан број во дропка треба да се следи формулата:

Формула за претворање мешан број во дропка

Од самата формула следи дека дропката во која што претвораме треба да има:

  1. Броител кој е еднаков на производот од целиот дел и именителот на дробниот дел на мешаниот број + неговиот броител.
  2. Именителот останува ист.

Погледнете ги решените примери подолу за да сфатите како се применува формулата за претворање!

Како се претвора мешан број во неправилна дропка

Пример 1: Изврши претворање од мешан број (даден подолу) во неправилна дропка:

Претворање мешан број во неправилна дропка

Броителот на неправилната дропка ја добиваме како цел дел помножен со именителот плус броителот на мешаниот број.

2 x 4 + 5 = 8 + 5 = 13

Именителот на мешаниот број (цифрата 5), останува ист и во неправилната дропка во која што треба да претвориме.

Целиот израз со кој што претвораме треба да изгледа вака:

Постапката за претворање

Пример 2: Претвори го мешаниот број во дропка со неправилна форма:

Мешан број во неправилна дропка

Ги следиме упатствата од формулата за претворање како и во првиот пример!

Броителот на неправилната дропка во која што треба да претвориме го добиваме со пресметката:

4 x 7 + 6 = 28 + 6 = 34

Именителот (цифрата 7) останува ист и во неправилната дропка!

Целосното решение на вториот пример треба да го има следниот изглед:

Примена на формулата за претворање

Погледнете како меже да се изврши обратната операција за претворање на неправилна дропка во мешан број!

Видеото подолу содржи поголем број на примери за претворање на мешан број во неправилна дропка!

Претворање на мешан број во неправилна дропка

Дали научивте како се претвора мешан број во дропка?



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , ,