Судоку е една од најдобрите логички игри за вежбање на умот. Оваа страница е наменета за почетници кои сакаат да научат како се игра судоку. Подолу може да ги научите правилата за играње на самата игра, како и да видите конкретен целосно решен пример со судоку.

Најчестата варијанта од играта е претставена како квадрат 9 x 9 во кој има дадено одредени почетни податоци за познати броеви и нивна местоположба. Задачата е да се одредат сите непознати броеви без да се нарушат плавилата за играње.

Судоку

Правила како да се решава судоку

Правилата за решавање на логичката игра се многу едноставни:

  • Секој ред треба да ги содржи броевите од 1 до 9 само по еднаш.
  • Секоја колона треба да ги содржи броевите од 1 до 9 само по еднаш.
  • Секој поединечен квадрат 3 x 3 треба да ги содржи броевите од 1 до 9 само по еднаш.

Како се решава судоку

Решавањето на судоку оди со елиминирање на можни позиции на одреден број по:

  • Ред
  • Колона
  • Квадрат 3 x 3

Добро е да се почне со воочување на почесто употребуваните броеви во почетните податоци и со метод на елиминација по ред, колона или квадрат 3 x 3 се внесуваат нови броеви таму каде што не се присутни. Секако, не мора да значи дека може да се одбере било кој број и веднаш да се внесе секаде каде што треба да е присутен. Ова значи дека може да се стартува со еден број, да се префрли на елиминација на втор, трет итн.

Во видеото подолу, решавањето започнува со метод на елиминација со бројот 2 итн. Притоа црвените линии кои се појавуваат за време на презентирањето на решението всушност ги означуваат местата каде тој број веќе нема шанси да се појави.

Kako se reshava sudoku

При решавањето на судоку никогаш не нагодувајте со можни броеви и нивни позиции затоа што на крај податоците нема да ви се поклопат, па некаде во некој ред, колона или квадрат ќе се случи да има еден ист број на две или повеќе места, што секако е забрането.

Логичката игра судоку има различни нивоа на тежина! Нивото може да варира од:

  • Лесно
  • Тешко
  • Многу тешко

Користејќи ги копчињата за преземање може да си симнете многу примери за решавање судоку во две нивоа, лесно и тешко за да започнете веднаш со решавање. Документите се во ворд што ви дозволува да решавате на компјутер директно во ворд, или пак да си ги испечатите и да ги решавате на лист хартија.

Корисните ефекти

  • Стимулација на логичко размислување
  • Зголемување на концентрација
  • Намалување на стрес
  • Забава
Sudoku

Играта може да започне! Имајќи во предвид дека има неограничен број на комбинации, секогаш сте во можност да најдете нова судоку игра која може да се обидете успешно да ја решите!



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , ,