Многу интересно видео во кое се опфатени повеќе информации поврзани со ротирање на геометриски фигури, одредување на оска на симетрија и одредување на агол на ротација.

Во првиот дел од видеото се дадени неколку ротации кои продолжуваат со вежба за одредување на број на дадени комплетирани ротации на единечна геометриска фигура.

Во продолжение на видеото има приказ за одредување на ротирање под определен агол од 180, 90, 120 и 72 степени. Потоа може да се тестирате себеси во наредната вежба и да пробате предвреме да го определите аголот на ротација.

На крај вежба за одредување на оски на симетрија во дадени геометриски фигури!



Следете ја www.matematikazasite.com!

Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , ,