Водород е хемиски елемент со атомски број 1. Водородот е хемиски елемент кој има еднаков атомски и масен број од причина дека има само еден протон а воопшто нема неутрони. Ова е хемискиот елемент кој има најмал број на елементарни честички во својот состав. Во неговото атомско јадро има само еден протон, додека во неговата електронска обвивка има само еден електрон.

Водород
Хемиски симбол за водород

Ознаки:

– Со жолта боја е означен атомски број на водород

– Со црвена боја е означен масен број на водород

Самиот број на елементарни честички покажува зошто водородот е налесниот хемиски елемент воопшто.

Важни информации

Латинското име на водородот е hydrogenium. Самото име на водородот потекнува во грчките зборови hydro што значи вода и genes што значи создава. Иако многу научници експериментирале со водород, сепак првиот кој открил дека водородот е посебен хемиски елемент е Хенри Кевендиш. Водородот е познат како “запаллив воздух”.

Хемискиот елемент водород е најраспространетиот во вселената од причина дека претставува материјал кој во најголем процент влегува како градбен материјал од кој се формирани ѕвездите. На планетата Земја го има во две различни форми:

  • Слободен – во горните слоеви на атмосферата.
  • Сврзан – во најголем процент во водата во комбинација со кислородот, а го има и во одредени киселини и бази.
1. Име на хемиски елемент Водород
2. Хемиски симбол H
3. Атомски број (број на протони) 1
4. Масен број (број на нуклеони) 1
5. Категорија Неметал
6. Боја Безбоен
7. Фаза Гасна
8. Точка на топење – 259,16*
9. Точка на вриење – 252,879*
11. Густина 0,08988**
12. Стандардна атомска тежина 1,008
Табела со податоци за водород

*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.

**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.

Изотопи на водород

Водородот има два стабилни изотопи:

  • Деутериум – може да се спомне и како водород – 2 или пак тежок водород.
  • Тритиум – може да се спомне и како водород – 3.

Деутериум

Деутериум е изотоп на водородот кој во своето јадро има еден протон (исто како и водородот), и еден неутрон по што се разликува од атомот на “обичниот” претставник на хемискиот елемент со атомски број 1. Атом на деутериум има атомски број 1, а неговиот масен број изнесува 2.

Деутериум
Деутериум

Тритиум

Тритиум е изотоп на водородот кој во своето јадро има еден протон (исто како и водородот и деутериумот), и два неутрони по што се разликува од атомот на “обичниот” елемент со атомски број 1 и од оној на деутериумот. Атом на тритиум има атомски број 1, а неговиот масен број изнесува 3.

Тритиум
Тритиум

Водородот има повеќе изотопи но сите освен деутериумот се нестабилни.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: , ,