Како се решаваат задачи со собирање и одземање децимални броеви? На оваа страница може да ги разгледате правилата кои треба да ги почитуваме при собирање и одземање децимални броеви. Освен правилата секој читател може да види многу решени примери во видео формат.

Правила за собирање и одземање децимални броеви

За успешно да решаваме задачи со собирање и одземање децимални броеви треба да ги следиме следниве правила:

  • Наредете ги броевите еден под друг (без разлика дали се два, три или повеќе на број) притоа внимавајќи нивните децимални запирки да се точно една над друга! Ова ни помага правилно да собираме или одземаме децимални броеви (по месна вредност), пр. десетинка со десетинка, стотинка со стотинка, илјадинка со илјадинка итн.
  • По соодветното подредување, со децималните броеви оперираме исто како да се цели броеви.
  • Децималната запирка во резултатот ја запишуваме веднаш под децималните запирки на поединечните децимални броеви со кои работиме.

Примери за погрешно и правилно поставување

Во овој дел може да видите примери за правилно и неправилно поставување на децималните броеви со кои што оперираме.

На првата слика подолу имате приказ на неправилно поставени децимални броеви!

Погрешно поставени

Како што може да се види на сликата погоре, децималните запирки на броевите 34,56 и 1,22 не се поставени една под друга. Затоа поставувањето не е правилно!

На наредната слика подолу имате приказ како изгледа правилно поставување на децимални броеви! Погледнете ја сликата!

Правилно поставени

На втората слика, децималните запирки се точно една под друга. Ова е правилниот начин на поставување на децимални броеви пред собирање или одземање. Штом децималните броеви се правилно поставени, лесно може да го пресметаме нивниот збир!

Собираме децимални броеви (Истите правила важат кога одземаме децимални броеви)!

  • На месна вредност стотинки има само цифра 6 во првиот број, па затоа 6 препишуваме во резултатот.
  • На месна вредност десетинка собираме 5+5 =10, па 0 пишуваме во резултатот а еден префрламе на месна вредност единици.
  • Месна вредност единици : 4+5+1=10, па 0 пишуваме во резултатот а еден префрламе на месна вредност десетки.
  • На месна вредност десетки собираме 1+3+1=5, па пишуваме 5 во резултатот.
  • На месна вредност стотки има само една цифра 3 (ништо не префрламе од десетки), па затоа 3 пишуваме во резултатот.

Целото решение е претставено на сликата долу:

Резултат од собирање и одземање децимални броеви

Видео примери со собирање и одземање децимални броеви

Видеото подолу содржи неколку решени примери со собирање и одземање децимални броеви*!

Собирање и одземање децимални броеви

*Собирањето и одземањето се решаваат на ист начин, почитувајќи ги истите правила кои се спомнати погоре на оваа страница!

 

Tags: , , ,