Одредување на месна вредност на децимален број и негово користење за поврзување со креирање на дропки преку десетинки и стотинки. Видеото содржи многу вежби кои имаат за цел да им помогнат на учениците да изградат добра основа со која полесно ќе ги научат операциите со децималните броеви.

Дел од вежбите претставуваат вовед во собирање и одземање на децимални броеви преку делење на децимален број на неговите десетинки и стотинки и нивно претставување во форма на дропки.

Вежби поврзани со месна вредност на децимален број

Во видео презентацијата има различни математички вежби кои се сведуваат на:

  • Препознавање на месна вредност на децимални броеви (единици, десетинки и стотинки).
  • Споредување на децимални броеви со дополнување на насочувачки примери кои содржат табели или бројна права
  • Читање, препознавање и креирање на децимален број на различен вид графичко претставување
  • Претставување на десетинка или стотинка како дропка со именител 10 или 100
  • Претставување на дропка со именител 10 или 100 како децимален број
  • Разгледување на можноста за постоење повеќе од едно решение или точен максимален број на решенија
Mesna vrednost na decimalen broj

Одредувањето на месна вредност во видеото содржи само примери за единици, десетинки и стотинки, додека трета, четврта, итн децимала ќе биде претставено во посебно видео.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , , ,