Паралелограм е секој четириаголник кој има два пара паралелни страни.

Постојат четири различни видови на паралелограми. Според должината на страните и големината на аглите паралелограмот може да биде:

Ако паралелограмот има четири еднакви страни, тогаш тој паралелограм може да биде или квадрат или ромб. Ако покрај еднаквите страни, паралелограмот има четири прави агли од по 90 степени, е квадрат, а доколку неговите агли не се прави, тогаш е ромб.

Ако паралелограмот има две по две еднакви страни, тогаш може да биде правоаголник или ромбоид. Ако покрај две по две еднакви страни, паралелограмот има четири прави агли од по 90 степени, е правоаголник, а доколку неговите агли не се прави, тогаш е ромбоид.

Со клик на секој од различните видови на паралелограм може да разгледате:

  1. Карактеристите за должината на страните и големината на аглите.
  2. Формула за периметар на паралелограм.
  3. Пример решена задача за пресметување на периметар на паралелограм.
  4. Формула за плоштина на паралелограм.
  5. Пример решена задача за пресметување на плоштина на паралелограм.
  6. Информации за дијагонали и оски на симетрија.

Периметар на оваа 2Д фигура се пресметува како збир од должината на неговите страни, додека плоштината (на наједноставен начин) може да се пресмета како:

  • Производ од две соседни страни (кај квадратот и правоаголникот).
  • Производ од една страна и нејзината соодветна висина.

Слични карактеристики

Слични карактеристики кои ги имаат два различни паралелограм:

  • Квадратот и ромбот имаат по четири еднакви страни.
  • Квадратот и правоаголникот имаат по четири еднакви агли.
  • Ромбоидот и правоаголникот имаат две по две еднакви страни.
  • Ромбот и ромбоидот имаат два по два еднакви агли.

Паралелограмот има две дијагонали кои може да се еднакви меѓусебе. Оваа геометриска фигура може да има различен број на оски на симетрија во зависност од тоа на која точно категорија припаѓа.

Ако даден четириаголник има само еден пар на паралелни страни, тогаш не спаѓа во групата геометриски фигури – паралелограми.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: