Омов закон е најважниот закон кој ја покажува зависноста меѓу карактеристиките на електричната струја во струен круг или пак во дел од струен круг! Со омовиот закон се опишува зависноста помегу:

Дефиниција за омов закон

Омовиот закон гласи: Јачината на електричната струја е правопропорционална со електричниот напон и обратнопропорционална со електричниот отпор!

Омовиот закон често се интерпретира и како: Количникот меѓу електричниот напон и јачината на електричанта струја во даден струен круг е константна (непроменлива) вредност, која всушност го претставува неговиот електричен отпор!

Формула за омов закон

Формулата со која може да го искажеме омовиот закон гласи:

Формула за омов закон

Останатите две трансформации од основната формула кои ги добиваме со трансформација на основната формула за омов закон се:

Формула со која електричниот напон може да се пресмета преку јачината на електричната струја и електричниот отпор:

Електричен напон преку јачина и отпор

Формула со која електричниот отпор може да го пресметаме преку електричниот напон и јачината на електричната струја:

Електричен отпор преку напон и јачина

Примери со едноставни задачи

Пример 1. Пресметај колкав електричен отпор има струен кгруг во кој под дејство на електричен напон од 220 волти, тече електрична струја со јачина од 2 ампери.

За да пресметаме колкав е електричниот отпор на струјниот круг користејќи го омовиот закон ја применуваме третата трансформација на формулата од оваа страница. По замената на вредностите во формулата таа го добива следниот изглед:

Пресметување отпор по омов закон

На крај доволно е да ги поделиме вредностите со што ја добиваме конечната вредност на електричниот отпор која изнесува:

110 Оми

Пример 2: Пресметај ја јачината на електричната струја која тече во струен круг под дејство на електричен напон од 15 волти, ако струјниот круг има електричен отпор од 12 оми.

За да пресметаме колкава е јачината на електричната струја ја применуваме првата формула за омов закон од оваа страница. По замената на вредностите во формулата таа го добива следниот изглед:

Пресметување јачина на струја по омов закон

По делењето на вредностите ја добиваме конечната вредност за јачината на електричната струја која изнесува:

1,24 ампери

Видео примери

Видеото подолу содржи три примери од решени задачи со користење на омов закон:

Omov zakon


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,