Електрична струја е насоченото движење на електричните полнежи под дејство на електрично поле! Електрична струја е појавата која се смета за најголемо достигнување од областа на физиката. Доколку на даден материјал му се донесе електрично поле со спротивен поларитет од две негови спротивни страни, тогаш неговите електрични полнежи започнуваат да се движат од една кон друга страна (кон + или -) во однос на сопствената наелектризираност).

Носители

Носители на електрична струја може да бидат:

  • Слободни електрони
  • Позитивни јони – катјони
  • Негативни јони – анјони

Погледнете ги составните делови на атом!

Носители на електрична струја по агрегатна состојба на метеријата:

  • Тврда агрегатна состојба – слободни електрони
  • Течна агрегатна состојба – позитивни и негативни јони
  • Гасовита агрегатна состојба – позитивни јони и слободни електрони

Електролиза е постапка при која се добиваат електрични полнежи кај течностите!

Јонизација е постапка при која се добиваат електрични полнежи кај гасовите!

Electricna Struja

Спроводници, изолатори и полуспроводници на електрична струја

Материјалите кои сами по себе имаат доволно слободни електрони (или јони) при нормални надворешни услови (температура, притисок, влажност… итн.) можат лесно да пренесуваат електрична струја. Од нив, генерално, металите се најдобри преносители. Овие материјали се нарекуваат спроводници на електрична струја. Најдобар спроводник е сребро! Најдобри четири спроводници се сребро, бакар, злато и алуминиум!

Материјалите кои сами по себе немаат доволно носители на електрична струја при нормални надворешни услови, немаат способност да пренесуваат електрична струја. Овие материјали се нарекуваат изолатори. Најдобри изолатори се: гума, пластика, стакло, стиропор, вода итн.

Интересен факт! Водата (вода со чист хемиски состав) е изолатор на електрична струја! Но, доколку во водата се додадат одредени примеси (додатоци), тогаш водата (заедно со додатоците) станува многу добар спроводник!

Третиот вид на материјали се полуспроводници. Овие материјали при “нормални” надворешни услови се однесуваат како изолатори. Од друга страна, при некои надворешни влијанија нивното ниво на носители може да се зголеми и тие може да започнат да ја пренесуваат. Надворешни услови кои може да ги “активираат” полуспроводниците се:

  • Зголемена температура
  • Зголемен притисок
  • Зголемена влажност
  • Изложеност на јака светлина
  • Изложеност на космичко зрачење

Материјали кои се полуспроводници се силициум и германиум!

Јачина на електрична струја

Јачина на електрична струја (една од седумте основни физички величини) претставува количество електричество кое поминува низ напречниот пресек на даде спроводник за одредено време. На едноставен начин, може да си претставиме носители кои минуваат низ напречниот пресек (дебелината) на одреден спроводник за одредено време. Повеќе од јасно е дека ако за една секунда поминат десет електрони има одредена струја, додека ако низ истиот спроводник поминат илјада електрони тогаш таа струја ќе има многу поголема јачина отколку во првата ситуација.

Јачина се означува со I, количество електричество со Q, а времето со t.

Формулата со која може да се пресмета јачината гласи:

Формула за јачина на електрична струја

Основна единица мерка за јачина е еден ампер(1А -во чест на Андре Мари Ампер – француски физичар). Електричната струја која тече низ даден спроводник има јачина од еден ампер, ако низ неговиот напречен пресек поминува количество електричество од 1C (еден кулон – основна единица мерка за количество електричество), за време од една секунда.

Математички игри логика
 

Тагови: , , , , , ,