Внатрешна енергија на тело е збир од сите кинетички и сите потенцијални енергии на неговите составни честички.

Секое тело или било која материја е составено од малечки честички. Во зависност од видот на материјалот и надворешните влијание тие составни честички имаат определен распоред и густина на распореденост. За сите нив важи дека:

Збирот од сите енергии на сите честички кои се во составот на телото ја претставуваат внатрешната енергија на телото.

Поврзаност на внатрешна енергија со физички величини

Внатрешната енергија на тело е директо поврзана со неговата температура. При зголемување на температурата, честичките ја зголемуваат својата брзина на движење. Имајќи во предвид дека со зголемување на брзината, се зголемува и кинетичката енергија на тело, следува дека ќе се случи и зголемување на внатрешната енергија.

Vnatresna energija

Следува дека внатрешната енергија зависи правопропорционално од температурата. Колку температурата е повисока, толку е поголема внатрешната енергија, и обратно, колку е пониска температурата, толку е помала внатрешната енергија на телото.

Температурата, од своја страна е поврзана со физичките величини притисок и волумен, што значи дека и внатрешната енергија индиректно зависи од промените на телото кои се однесуваат на неговиот волумен и притисокот кој што може да дејствува на самото тело.

Често, внатрешната енергија на одредена материја може да биде искористена. Тоа е енергија со која луѓето може да манипулираат во своја корист.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: ,