Трапез е четириаголник кој има еден пар на паралелни страни. Единствен и доволен услов за еден четириаголник да биде трапез е да има само еден пар на паралелни страни.

Периметар

Ознаки на страните на оваа геометриска 2Д фигура се:

  • Подолгата страна од парот паралелни страни се означува со a.
  • Пократката страна од парот паралелни страни се означува со b.
  • Страните кои не се паралелни се означуваат со c и d.
Trapez
Трапез

Периметарот на трапез се пресметува со формулата:

Формула за периметар на трапез

Пример број 1: Пресметај го периметарот на трапез кој има основи 15cm и 11cm, ако парот страни кој не е паралелен има должини 4cm и 4,5cm.

За да се одреди периметарот на трапезот од примерот 1 доволно е да се пресмета збирот на сите негови страни: L=15cm+11cm+4,5cm+4cm

Периметарот на оваа геометриска фигура изнесува 34,5cm.

Плоштина на трапез

Формулата за одредување плоштина на трапез гласи:

Формула за плоштина на трапез

Во формулата ознаката h се користи за висината на трапезот.

Пример број 2: Пресметај ја плоштината на трапез со основи 12cm и 8cm, ако неговата висина изнесува 6cm.

Пресметката за одредување на плоштината на трапезот може да тече на следниот начин:

  1. Се пресметува збирот a+b : 12cm + 8cm = 20cm
  2. Збирот на a+b се дели со 2: 20cm : 2 = 10cm
  3. Резултатот од 2 чекор се множи со висината.

Плоштината на фигурата од примерот со број два изнесува 60 центиметри квадратни.

Рамнокрак трапез

Рамнокрак е трапезот кај кој должината на парот страни кои не се паралелни е еднаква, односно должината на страните c и d е еднаква. Поради еднаквоста на двете непаралелни страни и двете се означуваат со c.

Ramnokrak trapez
Рамнокрак

Формулите за пресметување на периметар и плоштина кај оваа варијанта се идентични како и формулите погоре кои важат за било кој друг член на оваа фигура.

Правоаголен трапез

Правоаголен е трапезот кој има точно два прави агли од по 90 степени.

Формулата за пресметување на плоштина на правоаголената варијанта останува во иста форма како и за периметар било кој друг член на оваа геометриска фигура.

Pravoagolen trapez
Правоаголен

Формулата за плоштина ја добива следната варијанта:

Во последната формула, за разлика од општата формула за плоштина на оваа геометриска фигура, висината h може да ја замениме со должината на страната c на трапезот (страната на која лежат, т.е припаѓаат двата прави агли).

Пример број 3: Пресметај ја плоштината на трапез со основи 15cm и 13cm, ако неговата страна c која образува прав агол со основите изнесува 8cm.

Пресметката за одредување на плоштината на правоаголниот трапез може да тече на следниот начин:

  1. Се пресметува збирот a+b : 15cm + 13cm = 28cm
  2. Збирот на a+b се дели со 2: 28cm : 2 = 14cm
  3. Резултатот од 2 чекор се множи со должината на страната c.

Плоштината на фигурата од примерот со број три изнесува 112 центиметри квадратни.

Секој трапез има две дијагонали кои имаат еднаква должина само кај рамнокракиот. Само рамнокракиот има една оска на симетрија, додека било кој друг (различен од рамнокрак) нема оска на симетрија.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , ,