Вовед во одредување и пресметување на плоштина на триаголник користејќи плоштина на квадрат и правоаголник која се дели на половина. Интерсни илустрации за природно создавање на формулата за површинска зафатнина на триаголник.

Видеото содржи:

  • Одредување на плоштина на триаголник со помош на квадратна мрежа.
  • Споредување на бараната плоштина со плоштина на квадрат и плоштина на правоаголник.
  • Споредување на бараната плоштина со плоштина на правоаголник на повеќе различни начини.
  • Одредување на точната вредност како половина од производот на основата и висината.
  • Формирање на формула за плоштина на триаголник.
  • Испитување на формулата за триаголник кој има еден тап агол (тапоаголен триаголник).
  • Воочување на основа и висина на даден триаголник.
  • Пресметување на плоштина на триаголник.
Ploshtina na triagolnik

Плоштината се означува со P( големо латиница). Плоштината се мери во основна единица мерка метар квадратен. Покрај основната мерка се користат помалите дециметар, центиметар и милиметар (квадратни, или на степен 2), како и поголемите декаметар, хектометар и километар (квадратни или на степен 2). Покрај стандардните мерки се користат и дополнителни мерки со кои најчесто се изразува мерка за површина на дадена парцела или дворно место. Најчесто користени се:

  • Ар ( 1 ар = 100 метри квадратни)
  • Декар ( 1 декар = 1000 метри квадратни)
  • Хектар (1 хектар = 10000 метри квадратни)

Површината на било кој триаголник може да се пресмета користејќи една од формулите:

Формула за плоштина на триаголник

Плоштината на оваа геометриска фигура може да се пресмета како половина од производот на една од страните на било кој триаголник и неговата соодветна висина (отсечка која поврзува теме на триаголникот со спротивната страна под прав агол.

Секако, при пресметување на површината предност и се дава на формулата која ги содржи оние членови кои се најдостапни или познати за да се комплетира пресметката. Плоштина на триаголник се користи и како дел од задача, при пресметување на волумен на геометриско тело кое има основа во форма на триаголник, или пак бочен ѕид во фома на триаголник.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: , , , , , , , ,