Како се решаваат кратки задачи со множење на цели броеви? Овде може да ги научите правилата за множење цели броеви, како и многу примери со решение. Генерално, најмногу грешки при множење на цели броеви се прават со знаците + и -. Обично лесно се прават грешки токму со заклучокот кој знак (+ или -) треба да го има производот на цели броеви (позитивни и негативни цели броеви).

Правила за множење цели броеви

При множењето на цели броеви треба да внимаваме на следниве чекори:

  1. Извлекуваме заклучок за знакот кој треба да го има производот. При тоа внимаваме на следниве правила:
    • Ако и двата множители имаат знаци +, тогаш и производот има знак +.
    • Ако и двата множители имаат знаци -, тогаш производот има знак +.
    • Ако двата множители имаат различни знаци (еден од нив има знак +, а вториот има знак -, или обратно), тогаш производот има знак -.
  2. Броевите ги множиме исто како да се природни броеви.

Како што може да се разбере од правилата, бројната вредност на производот ја добиваме исто како производ на природни броеви (замислуваме како целите броеви да немаат знаци), при што внимаваме на знакот на производот (ако можителите имаат исти знаци, тогаш производот има знак +, додека ако множителите имаат различни знаци, тогаш производот има знак -).

Примери

Разгледајте ги решените примери подолу!

Пример 1: Пресметај го производот на целите броеви (Знакот за множење во текстот е x за полесен приказ на информациите)!

(+6) x (+4) =

Броевите (+6) и (+4) имаат исти знаци па извлекуваме заклучок дека производот ќе има знак +. Производот на 6 и 4 е 24, па ја добиваме финалната пресметка:

(+6) x (+4) = +24

Пример 2: Пресметај го производот на целите броеви!

(-6) x (-4) =

Броевите (-6) и (-4) имаат исти знаци па извлекуваме заклучок дека производот ќе има знак +. Производот на 6 и 4 е 24, па ја добиваме финалната пресметка:

(-6) x (-4) = +24

Пример 3: Пресметај го производот на целите броеви!

(+6) x (-4) =

Броевите (+6) и (-4) имаат различни знаци па извлекуваме заклучок дека производот ќе има знак -. Производот на 6 и 4 е 24, па ја добиваме финалната пресметка:

(+6) x (-4) = -24

Видеото подолу содржи многу примери за множење на цели броеви!

Mnozenje celi broevi


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Математички игри логика
 

Тагови: , ,