Мерење на агли со агломер за било кој вид на агол со големина до 360 степени! Ова видео ќе ви покаже како може да се вршат мерења на различен начин за агли со различна големина. Тука има приказ за мерење на агли од:

  • 30 степени
  • 35 степени
  • 40 степени
  • 65 степени
  • 80 степени
  • 110 степени
  • 145 степени
  • 200 степени
  • 235 степени
  • 240 степени
  • 280 степени
  • 325 степени
  • 330 степени

Видови агли до 360 степени – потсети се!

Правила за мерење на агли со агломер

При мерење на агли со агломер треба да се внимава на:

  1. Центарот на агломерот поставете го во темето на аголот чија големина сакате да ја мерите
  2. Основната линија поклопете ја со една од двете полуправи на аголот
  3. Со користење на мерната скала на агломерот утврдете ја големината на аголот

Мерењето на агли кои имаат големини помеѓу 180 и 360 степени може да се мерат на два начини. Првиот начин (ако располагате со агломер кој има скала до 180 степени) е да го поместувате агломерот два пати со што правите комбинација од 180+x агли. Вториот начин е да се измери аголот со кој вашиот агол гради полн агол, па потоа неговата големина да се одземе од 360 степени.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , ,