Густина е физичка величина која го покажува соодносот меѓу масата на тело и неговиот волумен! Во овој пост и видео може да се научат најважните податоци за оваа величина и нејзиното одредување со помош на одредени почетни податоци и математички задачи.

Формула за пресметување густина

За да се пресмета густина на тело доволно е да се подели масата на телото со неговиот волумен. Ознаката на величината е со грчката буква ро, маса со m, а волумен со V. Експериментално, на едноставен начин, оваа величина може да се одреди преку мерење на маса и волумен и користење на формулата:

Формула за пресметување густина

Пред почетокот на пресметката мерките треба да се претворат (доколку има потреба) во основните единици мерки за соодветната физичка величина:

  • Килограм – за маса
  • Метар кубен – за волумен

Мерки

По пресметката, мерката за самиот резултат е килограм на метар кубен.

Килограм на метар кубен

Оваа мерка претставува основна единица мерка за густина. Во секојдневие, често употребувана мерка е грам на центиметар кубен.

Грам на центиметар кубен

Видови задачи

Видеото содржи две задачи:

  1. Пресметување на густина кога масата на телото и неговиот волумен се познати или може да ги измериме.
  2. Пресметување на маса на тело кога неговиот волумен и густина се познати вредности.
Gustina

Ова е физичка величина која зависи правопропорционално од масата на телото. Пример, ако споредуваме две тело кои имаат еднаков волумен, поголема густина ќе име она тело кое има поголема маса. Обратно, помала вредност ќе има телото кое има помала маса.

Оваа физичка величина зависи обратнопропорционално од волуменот на телото. Пример, ако споредуваме деве тела кои имаат еднаква маса, тогаш поголема вредност за оваа карактеристика ќе има телото кое има помал волумен. Обратно, помала вредност ќе има телото кое има поголем волумен.

Конечно, ако две тела имаат еднаков волумен и еднаква маса, тогаш сигурно имаат еднаква густина!

Важно да се знае! Густината на течности и гасови се пресметува на различен начин отколку на тврдо тело!



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , ,