График изминат пат – време е графикот кој ја покажува зависноста на изминатиот пат при одредено движење од времето. Самиот график има за цел јасно да покаже како се менува должината на изминатиот пат во однос на промената на врмето.

Видеото подолу јасно презентира како да се внесат дадени податоци од табела на график изминат пат – време. Исто така може од график да се извлечат податоци и да се пресмета со колкава брзина се движи телото (чие движење е претставено на самиот график). Можно е да пресметуваме брзина само во одредени временски интервали претставени со точки на самиот график.

Grafik izminat pat - vreme

Правила за креирање график изминат пат – време

При креирањето на график изминат пат – време податоците најчесто се земаат од табела. Таа содржи податоци за должината на изминатиот пат и времето. Исто така табелата содржи податоци за мерките за должината на изминатиот пат и времето. Сите овие податоци треба да се пренесат од табелата во график.

При пренесувањето на податоците треба да се внимава на следните правила:

  • Се креираат координатните оски под агол од 90 степени и се означува координатиот почеток
  • На x-оската (хоризонталната оска) се запишуваат податоците за времето t. На y-оската (вертикалната оска) се запишуваат податоците за изминатиот пат s. Покрај ознаките на физичките величини се запишува и нивната мерка во заграда десно од нив.
  • Се одбираат соодветни бројни вредности кои најдобро ќе ги претстават податоците од табелата, со соодветен размер.
  • Се внесуваат податоците и се означува самиот график изминат пат – време.

Прасметување брзина од график

Ако на располагање имаме комплетиран график, тогаш од него може да се извлечат податоци за било кој момент од движењето. Исто така со овие податоци може да се пресмета брзина (или средна брзина). Тое е брзината со која се движело телото во одреден интервал или пак за цело патување.

При пресметката се користи формула која ја прилагодуваме во однос на точките со кои ги означуваме почетокот и крајот на интервалот во кој не интересира брзината на движењето. Ако првата точка ја означиме со П, а конечната со К, формулата за пресметување на брзината во интервал од П до К би била:

Пресметување брзина од график

Од каде јасно се гледа дека брзината во интервалот од П до К, е количникот меѓу разликата во изминатиот пат во конечна и почетна состојба со времето во конечна и почетна состојба. Погледнете го видеото погоре. Во него има решени примери за пресметување на брзина од график растојание – време.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: , , , , , ,