Флуор е хемиски елемент со атомски број 9. Покрај деветте протони, во атомското јадро флуорот има и 10 неутони. Значи вкупниот број на неговите нуклеони е 19, што всушност претставува и масен број на овој хемиски елемент. Кога е електронеутрален, флуорот има 9 електрони во својата електронска обвивка.

Флуор
Хемиски симбол за флуор

Ознаки:

– Со жолта боја е означен атомски број на флуорот

– Со црвена боја е означен масен број на флуорот

Точниот број на елементарни честички во атомот на флуорот изнесува 28, од кои 9 протони, 10 неутрони и 9 електрони.

Важни информации

Латинското име на флуорот е fluere. Самото име на флуорот потекнува токму од овој збор кој е сличен и на француски јазик и кој има значење “да тече” или “флукс”.

Ако се наоѓа во чиста варијанта флуорот е отровен и опасен! Во контакт со човечката кожа може многу лесно да предизвика изгореници.

Станува збор за хемиски елемент кој важи за најнелектронегативниот во сопоредба со сите останати хемиски елементи. Ова му овозможува лесно да реагира во контакт со други материјали. Лесно се сврзува со јаглерод и во комбинација со него гради многу различни видови соединенија. Познато е дека флуор во комбинација со влажен воздух гради флуороводородна киселина која може да биде многу опасна. Ова иницира, транспортот на флуор да се одвива по строго пропишани правила и критериуми.

Флуорот често се користи во денталните производи за нега на денталното здравје. Го има во пастите за заби, таблети, лакови, како и во флуорираната вода.

Флуорот е откриен од познатиот француски научник кој работел на унапредување на физика и хемија Андр Мари Ампер, а бил именуван од Хамфри Дејви.

1. Име на хемиски елемент Флуор
2. Хемиски симбол F
3. Атомски број (број на протони) 9
4. Масен број (број на нуклеони) 19
5. Категорија Неметал
6. Боја Жолто – зеленкаста
7. Фаза Гасна
8. Точка на топење – 219,67*
9. Точка на вриење – 188,11*
11. Густина 1,696**
12. Стандардна атомска тежина 18,998403163(6)
Табела со податоци за флуор

*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.

**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.

Изотопи на флуор

Флуорот има повеќе изотопи со масен број од 13 до 31 (минималниот има само три неутрони повеќе од флуорот, додека максималниот има 21 неутрони повече од флуорот), но ниту еден од нив не се наоѓа во стабилна состојба. Повеќето од нив имаат релативно краток период на полураспаѓање.

Иако се нестабилни, добар дел од изотопите се користат во индустријата, додека изотопите флуор-18 и флуор-20 се користат во медицината.

Во научниот свет постои полемика за употребата на флуорот во денталната медицина и фармација. Некои научници сметаат дека користењето на овој хемиски елемент е многу штетно и опасно и го вбројуваат во материјали кои би можело да предизвикуваат многу сериозни болести.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: ,