Еквивалентни дропки се две или повеќе дропки кои имаат еднаква вредност. Во видеото на оваа страница има графички приказ кој помага во разбирањето како две или повеќе дропки можат да имаат иста или еднаква вредност.

Проверка за еквивалентност на дропки

Како може да се провери дали две дропки се еквивалентни? Доволно е дропките да се поедностават (упростат или да се скратат) до нивната наедноставна форма. Ова значи дека броителот и именителот на секоја од дропките треба да се поделат со нивниот најголем заеднички делител. Доколку нивните наједноставни форми се еднакви меѓу себе, тогаш извлекуваме заклучок дека дропките се еквивалентни. Постапката е позната како упростување на дропки или кратење на дропки. Погледни слика подолу:

Пример за еквивалентни дропки

Да провериме дали дропките 4/6 и 12/18 се еквивалентни?

Да ја разгледаме првата дропка 4/6. Најголем заеднички делител за 4 и 6 е бројот 2. Со 2 ги делиме и броителот 4 и именителот 6. По делењето ја добиваме дропката 2/3.

Да ја разгледаме втората дропка 12/18. Најголем заеднички делител за 12 и 18 е бројот 6. Со 6 ги делиме и броителот 12 и именителот 18. По делењето ја добиваме дропката 2/3.

Ekvivalentni dropki

Штом и за двете дропки на крај од постапката добиваме иста дропка, тогаш може да се заклучи дека дропките 4/6 и 12/18 се еквивалентни дропки. Доколку при истата постапка, за одредени дропки, на крајот, не се добие иста дропка тогаш тие две дропки не се еквивелентни меѓусебе.

Проширување на дропки

Еквивалентноста на дропките овозможува да се врши операцијата позната како проширување на дропки. Да прошириме дадена дропка значи нејзиниот броител и нејзиниот именител да ги помножиме со ист број. Погледни слика подолу:

Проширување на дропки

Пример: Ако сакаме дропката 4/6 да ја прошириме со бројот 2, тогаш бројот 4, и бројот 6 ќе ги помножиме со бројот 2. Дропката по проширувањето е 8/12.

Логично, дроката 8/12 е само нова еднаква (еквивалентна дропка) варијанта на почетната дропка 4/6.

Видеото содржи неколку задачи за одредување на еквивалентни дропки од три различни можности.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , ,