Азот е хемиски елемент со атомски број 7. Овој хемиски елемент има еднаков број на протони и неутрони (по 7) во атомското јадро. Ова значи дека бројот на неговите нуклеони е 14, додека бројот на неговите електрони кои кружат околу атомското јадро (во електронската обвивка) се исто така 7 на број. Ако атом на азотот е електронеутрален т.е во “електронска рамнотежа”, бројот на неговите елементарни честички е 21.

Azot
Хемиски симбол за азот

Ознаки:

– Со жолта боја е означен атомски број на азот

– Со црвена боја е означен масен број на азот

Важни информации

Латинското име на азотот е Nitrogenium. Самото име азотот потекнува од Лавоазје, кој овој го нарекол “azote”, што значи “без живот”. Азотот е една од главните состојки на воздухот и во него го има во најголем процент во однос на останатите хемиски елементи кои го сочинуваат.

Обично, кога азотот е под притисок или е загреан, може да реагира со повеќе хемиски елементи. Најкористен е како материјал кој се користи за производство на вештачки ѓубрива или експлозиви. Најпознато соединение (се формира само во писуство на катализатор) кое содржи азот е амонијакот кој е добро препознатлив поради неговата непријатна миризба.

1. Име на хемиски елемент Азот
2. Хемиски симбол N
3. Атомски број (број на протони) 7
4. Масен број (број на нуклеони) 14
5. Категорија Неметал
6. Боја Безбоен
7. Фаза Гасна
8. Точка на топење – 210*
9. Точка на вриење – 195,795*
11. Густина 1,251**
12. Стандардна атомска тежина 14,007
Табела со податоци за азот

*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.

**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.

Изотопи на азот

Азотот има повеќе нестабилни изотопи, а само еден од нив е стабилен. Стабилниот изотоп на азотот е азот -15, кој има 7 протони и 8 неутрони во атомското јадро.

Азот 15
Азот 15

Сите останати (16 на број) изотопи кои имаат масен број во дијапазон од 10 до 25 (азотниот изотоп со најмал масен број има 3 неутрони во јадрото, додека азотниот изотоп со најголем масен број има 18 неутрони во јадрото), се во нестабилна состојба со краток интервал на полураспаѓање.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

Дрвени математички сложувалки
 

Тагови: , ,